Независниот синдикат на одбраната со тројца свои претставници учествуваше на состанокот на Претседателството на ЕУРОМИЛ во Брисел, Белгија во време од 19 до 21 април 2018 година.
Целта на нашето учество на состанокот на Претседателството на ЕУРОМИЛ беше да се потврди нашата заложба за полноправно членство во оваа организација која ги обединува воените синдикати од Европа, од земјите членки на ЕУ и НАТО, како и од земји кои се во Партнерство за мир и аспиранти за членство во ЕУ, како и да се обезбеди силна поддршка од нивна страна за остварувањето на нашето законско право да ни се признае репрезентативноста на ниво на работодавач.
Во нашите заложби за признавањето на репрезентативноста на НСО во Министерството за одбрана на Р. Македонија, одржавме билатерална средба со претседателот на ЕУРОМИЛ господинот Емануел Џејкоб и во текот на јуни оваа година ќе имаме чест да го пречекаме во Скопје за да ни даде силна поддршка пред Министерот за одбрана на Р. Македонија и пред Премиерот на владата на Р. Македонија.