ЗА НСО

ИСТОРИЈАТ НА НЕЗАВИСНИОТ СИНДИКАТ НА ОДБРАНАТА

Независниот Синдикат на Одбраната одржа основачко собрание на 12 декември 2009 година во хотел „Амбасадор“ во Скопје.

Потоа започна постапката за регистрација во Централен регистар на Р. Македонија и на 3 март 2010 година, НСО официјално е регистриран како синдикална организација.

По околу две години работа и основање на повеќе синдикални организации во составот на НСО, на 2 декември 2011 година, до Министерството за труд и социјална политика поднесовме барање да бидеме регистрирани како гранков синдикат. Решението дека сме регистрирани како гранков синдикат го добивме на 5 декември 2011 година, по што следуваше поднесување на документација за впишување на НСО како гранков синдикат до Централниот регистар на Р. Македонија. Решението дека НСО е впишан во Централниот регистар на Р. Македонија го добивме на 15 декември 2011 година.

Веднаш потоа поднесовме Барање за прием во Конфедерацијата на слободни синдикати – КСС, а на 20.12.2011 година бевме примени како полноправен член на КСС.

КСС е репрезентативна конфедерација на синдикати на државно ниво во РМ.

Во април 2017 на 115 седница на претседателството на ЕУРОМИЛ, НСО е примен како член набљудувач.

Од самото основање на НСО, вработените во МО и АРМ го прифаќаат како сериозен синдикат и масовно пристапуваат во членство на истиот, така што денес броиме веќе околу 2000 членови.

НСО има регионални организации во сите гарнизони во РМ и добар дел од подрачните единици на МО.

Во НСО функционираат секција на млади, секција на крводарители и секција на жени.

Раководењето со синдикатот е во вид на претседателство кое го сочинуваат сите претседатели на регионални организации на НСО со еднакво право на глас. Претседателот и генералниот секретар на НСО се координатори на претседателството.

Според статутот, мандатот на претседателот, генералниот секретар и претседателството е 5 години со право на само еден реизбор.

Членарината во НСО изнесува 0,6% нето платата.

Транспарентно работење и прикажување на сите трошоци поврзани со работењето на НСО според статутот на НСО, пред надзорниот одбор и претседателството на НСО.

Во НСО со одделување на 25% од членарината во солидарниот фонд, според статутот и правилникот за солидарен фонд, им се помага на членовите на НСО во случаи предвидени во правилникот за солидарен фонд.

Активно работење на решавање на проблемите на вработените во МО и АРМ преку дијалог со Министерот за одбрана или од него овластено лице во МО.

Денот кога беше одржано основачкото собрание 12.12.2009 година со одлука на Советот на НСО е прогласен за роденден на НСО.

Shares