АКТИВНОСТИ

Работна средба со Министерот за Одбрана, г-ѓа Радмила Шеќеринска

На ден 11 мај 2018 година со почеток во 9 часот, дел од претседателството на Независниот Синдикат на Одбраната, оствари работна средба со Министерот за Одбрана, г-ѓа Радмила Шеќеринска и нејзините најблиски соработници во Министерството за Одбрана на Р. Македонија.

На средбата, претседателот Ванчо Исајов изврши претставување на НСО, со сите детали од нашиот историјат од формирањето до денес. Исто така го презентираше најновиот список на членови на НСО со бројка поголема од 2000 членови и истовремено побара Министерството за Одбрана да ни додели решение за признавање на репрезентативноста на ниво на работодавач.
Следно прашање кое го истакна Исајов, беше решавањето на статусот на професионалните војници по навршувањето на 45 години возраст. 


Следно прашање беше да им се признае правото на цивилните лица во АРМ да имаат бенифициран стаж и трупен додаток.
Следно прашање беше измена на Законот за служба во АРМ и потпишување на нов колективен договор.
Следно што побаравме беше да се исплаќаат дневници за дежурствата. 


Во понатамошната дискусија го истакнавме значењето на нашето членство во ЕУРОМИЛ и колку тоа може да придонесе за полесна и побрза интеграција на АРМ во НАТО, како и значењето на нашата интернационална соработка. 


На крајот на состанокот Министерот за Одбрана г-ѓа Радмила Шеќеринска одобри наши членови да се вклучат во комисиите за набавки на униформи, чизми, како и во понатамошната работа на комисиите за изготвување на Стратегискиот одбрамбен преглед, Законот за одбрана и други документи од значење за членството.
Исто така договоривме и наредни средби и блиска комуникација.

Shares