На ден 20.03.2018 година со почеток во 11:10 часот во Владата на Република Македонија, дел од раководството на НСО, заедно со претставници на професионалните војници на Независниот Синдикат на Одбраната одржаа работен состанок со Советникот за одбрана на Премиерот на Владата на Република Македонија, господинот Драган Василевски.
Целта на состанокот беше да се предложат законски измени со кои би се дошло до можност за трајно и соодветно решавање на статусот на ПФВ.