АКТИВНОСТИ

Деветти роденден на Независниот Синдикат на Одбраната

На ден 14 декември 2018 во Домот на АРМ со предновогодишен коктел го прославивме деветтиот роденден на Независниот Синдикат на Одбраната, како и постигнатите успеси во изминатава година, а тоа се: добивањето на репрезентативност на ниво на работодавач и приемот на НСО како полноправен член во ЕУРОМИЛ.

Меѓу останатите гости, присутни беа и Државниот секретар во Министерството за одбрана г-динот Драган Николиќ, Заменик началникот на ГШ на АРМ, генерал мајор Азем Нуредини и Советникот за одбрана на Премиерот на Р. Македонија г-динот Драган Василевски.