Независниот синдикат на одбраната ги поздравува денешните позитивни изјави на министерот за одбрана, Владо Мисајловски, дадени по повод Денот на Командата за операции во Куманово.
Како синдикат кој неуморно се бори за правата, достоинството и подобриот животен стандард на сите армиски припадници и вработени во одбраната, со задоволство ги нотираме најавите за:
- Потпишување на нов Колективен договор и зголемување на платите за вработените,
- Понатамошна модернизација и набавка на современа опрема,
- Конкретни чекори за подобрување на условите за работа во сите гарнизони.
Подобрувањето на социо-економскиот статус на луѓето кои секојдневно се грижат за безбедноста на нашата татковина мора да биде главен приоритет. Секоја мерка што значи повисок стандард и поголемо вреднување на трудот на армиските припадници ја има нашата целосна поддршка.
Очекуваме најавеното брзо да преточи во реалност и продолжуваме да бидемe конструктивен партнер во сите процеси што донесуваат подобра иднина за сите вработени во секторот одбрана!


