Со свеченото затворање ги заокруживме овогодинешните Синдикални спортски игри.
Голема благодарност до сите учесници кои со спортски дух, тимска работа и другарство придонесоа овие игри да останат запаметени.
Изразуваме искрена благодарност и до Министерството за одбрана, кое согласно колективниот договор овозможи финансиска поддршка за реализација на овој настан, како и до нашите спонзори, без чија поддршка игрите немаше да бидат толку успешни и значајни.
До следната средба – заедно, поуспешни и пообединети! 🏆🤝




















