АКТИВНОСТИ

Учество на 132 Генерално собрание на ЕУРОМИЛ

Во периодот од 16 до 17 октомври 2025 година, во Париз, Република Франција, се одржа 132 Генерално собрание на Европската организација на воени асоцијации и синдикати (ЕУРОМИЛ). На собранието учество зема и Независниот синдикат на одбраната како полноправна членка.

Првиот дел од генералното собрание беше посветен на следните теми:

  • „Десет години од АПНМ во Франција: Напредок и идни предизвици“
  • „Правни достигнувања: Од меѓународни пресуди до национални реформи“
  • „Декада на практика: Францускиот одговор на правните и институционалните промени“

Во рамки на овој дел свои излагања имаа:

  • г-ѓа Ајшегул Узун Маринковиќ, заменик-правен советник, Директорат на правниот советник при Европскиот суд за човекови права (ECtHR);
  • г-ѓа Елијан Шемла, поранешен потпретседател на Европскиот комитет за социјални права (ECSR);
  • контраадмирал Доминик де Лоргерил; и
  • г-ѓа Аида Мумни, адвокат од адвокатската канцеларија MDMH Avocats.

Вториот дел од генералното собрание беше посветен на темата:

  • „2025 година: Резервните сили на стратешка раскрсница“,

при што во дебатата учествуваа:

  • професор Винс Конели, раководител на студии по психологија при Универзитетот Оксфорд;
  • Јуџин Гарган, претседател на Здружението на претставници на резервните одбранбени сили (RDFRA) од Ирска;
  • д-р Александра Козиол, виш аналитичар при Полскиот институт за меѓународни прашања (PISM); и
  • Анабел Ливе, истражувачка при Фондацијата за стратешки истражувања (FRS).

По завршувањето на пленарните сесии беа одржани регионални состаноци, на кои се дискутираше за актуелните состојби и идните приоритети во насока на подобрување на правата, условите и статусот на припадниците на вооружените сили во земјите-членки на ЕУРОМИЛ.

Учеството на Независниот синдикат на одбраната на ова значајно меѓународно собрание претставува потврда за континуираната посветеност кон зајакнување на регионалната и европската соработка, како и кон унапредување на правата и социјалниот статус на вработените во одбраната.