Независниот синдикат на одбраната (НСО), во духот на хуманоста, солидарноста и општествената одговорност, зеде активно учество на Новогодишниот базар организиран од ЈУ „Завод за рехабилитација на деца и млади“, во соработка со Црвен крст на РСМ – Општинска организација Чаир.
На настанот беа изложени новогодишни изработки создадени со многу труд, креативност и љубов, кои придонесоа за создавање топла празнична атмосфера. Присуството на претставниците на НСО даде дополнителна вредност на овој хуман настан, а по повод претстојните новогодишни празници, тие ги израдуваа корисниците со новогодишни пакетчиња, подарувајќи насмевки, радост и искрена празнична среќа.
Настанот беше збогатен и со присуството на претставници од Советувалиште СОС Детско Село 1 – Шуто Оризари, ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, како и други соработници и партнери, што уште еднаш ја потврди важноста на заедништвото и меѓусебната поддршка.
НСО останува посветен на хуманите активности и поддршката на ранливите категории граѓани, продолжувајќи да ја негува традицијата на солидарност, човечност и општествена одговорност.
Со заеднички сили создаваме празнична магија и вистински вредности. 









