АКТИВНОСТИ

Донација од НСО – Заедно за децата од Интернатот во Љубанци

Независниот синдикат на одбраната (НСО) заедно со Центарот за обука и дресура на службени кучиња при Армијата на Република Северна Македонија, во соработка со Црвен крст на РСМ – Општинска организација Чаир, на 22 октомври 2025 година го посетија интернатот при ООУ „Гоце Делчев“ – Љубанци.

На корисниците на интернатот им беше донирана конзервирана храна, млеко, чоколади, цедевита и мед, со цел да им се овозможи поквалитетен престој и поддршка во нивното секојдневие.

НСО изразува голема благодарност до персоналот на училиштето и директорката за нивната посветена грижа и топлиот прием. За време на посетата беа добиени и подетални информации за тековните потреби на децата, со цел и во иднина да се обезбеди соодветна поддршка.

Посебна благодарност упатуваме до Црвен крст на РСМ – Општинска организација Чаир за одличната организација и соработка при реализацијата на овој хуманитарен настан.

НСО ќе продолжи и понатаму преку хуманост и солидарност да им помага на најранливите категории деца и да придонесува кон подобро и похумано општество.