Независниот синдикат на одбраната со задоволство ја поздравува денешната изјава на Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, во врска со системското и трајно решавање на статусот на професионалните војници со навршени 45 години возраст.
Војниците се вистинскиот столб на нашата Армија и безбедноста на државата! Поздравуваме секоја иницијатива и законска измена со која им се овозможува сигурност, продолжување на нивниот ангажман и задржување на заработените права, плати и додатоци.
НСО останува посветен партнер:
На заштитата на правата на сите вработени во одбраната.
На конструктивен дијалог за подобрување на стандардот и условите за работа.
На обезбедување социо-економска сигурност за секој еден припадник на Армијата.
Продолжуваме внимателно да ги следиме сите чекори до целосна реализација и имплементација на овие мерки!
Заедно сме посилни! 


