Почитувани,
Ги поздравуваме напорите на министерот Мисајловски за неговиот континуиран ангажман особено во контекст на обврските согласно одредбите од Колективниот договор, кои мораме да напоменеме дека исплатите на додатоците се редовни и се исплаќаат во континуитет, без задоцнување, но и на разговорите со нас претставниците на синдикалните организации во рамки на Армијата и Министерството врз основ на кои веќе се работи на трајно решавање на статусот на професионалните војници.
Исто така, го поддржуваме министерот и ги поздравуваме неговите напори за подобрување на условите на работа со проектите кои се однесуваат на инфраструктурата односно на работните услови на сите вработени во сите објекти кои се под надлежност на Министерството и Армијата, како што се касарните, подрачните одделенија и др.
Како репрезентативен синдикат уште еднаш ја потенцираме соработката со министерот Мисајловски и дека заеднички остануваме посветени на изготвување на решенија со кои ќе се унапредат правата, стандардот, условите за работа и сето она што е потребно за сите вработени во МО и Армијата.
Во врска со моменталните состојби во Армијата и Министерството за одбрана сакаме да истакнеме дека она што денеска беше искажано од собраниската говорница од страна на министерот за одбрана Владо Мисајловски во целост се сложуваме и даваме поддршка за процесите кои се започнати, а се во насока на унапредување и зајакнување на правата на сите вработени во Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија.


