По повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената, НСО им додели пригодни подароци на жените припаднички на НСО, како мал знак на благодарност и почит за нивниот придонес, посветеност и професионалност.
Жените се столб на секоја институција и нивната улога е од непроценливо значење за функционирањето и напредокот на организацијата. Со овој гест сакавме да изразиме внимание и поддршка, но и да потсетиме дека еднаквоста, почитта и вреднувањето треба да бидат присутни секој ден, не само на 8 Март.
Нека овој празник биде потсетник за силата, храброста и инспирацијата што жените ја носат во НСО, во Армијата, во Министерството за одбрана и во општеството.
Честит 8 Март! 












