На 5 февруари 2026 година, НСО одржа Конгрес на кој делегатите го усвоија новиот Статут на Независниот синдикат на одбраната.
Со донесувањето на новиот Статут се унапредува внатрешното функционирање на НСО, се зајакнува демократскиот капацитет и се создава основа за поефикасно застапување на интересите на членовите.
Раководството на НСО истакна дека измените се резултат на поширока консултација со членството и се насочени кон модернизација на организацијата и нејзино усогласување со современите потреби и предизвици.
НСО и понатаму останува посветена на транспарентна работа, силен социјален дијалог и активно учество во креирањето политики во интерес на своите членови и на пошироката јавност.


