АКТУЕЛНИ ПОНУДИ

Нова стратешка соработка: Независниот синдикат на одбраната и Mint FinTech Group

Почитувани членови,

​Со големо задоволство ве информираме дека Независниот синдикат на одбраната официјално воспостави соработка со Mint FinTech Group – водечка компанија специјализирана за иновативни решенија кои ги поврзуваат финансиите со најсовремената технологија.

​Оваа соработка е насочена кон обезбедување на полесен и побрз пристап до финансиски производи и услуги за нашите членови, користејќи ги предностите на дигиталната трансформација.

​Како да ги искористите услугите?

​За да аплицирате за некој од производите на Mint FinTech Group преку синдикатот, потребно е да ги имате следните документи и податоци:

  • Потврда за членство во НСО;
  • ​Административна забрана;
  • Лични податоци: Име и презиме и контакт телефон.

​Начин на аплицирање:

​Испратете ги вашите податоци (име, презиме и телефон за контакт) како и бараниот производ согласно вашите потреби на нашата е-маил адреса: nso.mo.arm@gmail.com со назнака за “МИНТ” и ќе бидете контактирани.

​НСО продолжува да работи на подобрување на стандардот на своите членови преку партнерства со реномирани и технолошки напредни компании.