Независниот синдикат на одбраната доби благодарница од Општинската организација на Црвен крст Чаир, доделена по повод 80-годишниот јубилеј на Црвениот крст на Република Северна Македонија.
Признанието е доделено во знак на благодарност за поддршката во реализацијата на активностите на Црвениот крст и соработката која придонесува за унапредување на хуманите вредности и волонтерството.
НСО останува посветен на поддршка на хуманитарни иницијативи и продолжување на плодната соработка со Црвениот крст и другите организации кои работат во служба на граѓаните.



