Седницата на 131-то Собрание на ЕУРОМИЛ се одржа на 9 и 10 мај во Брисел, за време на која се одржаа нови избори за ново раководство, на кои претседателот на НСО заедно со претседателот на Регионалната синдикална организација “Тетово” учествува како претставници и делегати на изборите.
Собранието го отвори актуелниот претседател на ЕУРОМИЛ г-дин Емануел Јакоб. Во продолжение на активностите, г-дин Јоаким Пулман, началник на кабинетот на белгискиот министер за одбрана, зборуваше во име на белгискиот министер за одбрана Тео Франкен, за важноста на соработката со синдикатите во Белгија, за подобрување на условите за работа, како и за поддршката на напорите на Министерството за одбрана кога станува збор за регрутирање и задржување, кои денес се голем проблем во сите европски земји.
Учесник на собранието беше и генерал-мајор Геерарт, началник на човечки ресурси на вооружените сили на Белгија, кој зборуваше на тема родова еднаквост, регрутирање и задржување. Во неговото обраќање беше потенцирано дека покрај регрутирањето и задржувањето, посебен акцент Белгиските вооружени сили ќе стават и на прашања поврзани со менталното здравје на војниците, родовата еднаквост, условите за работа и климатските промени, кои сè повеќе влијаат врз условите за работа.
На собранието беа презентирани и националните извештаи за состојбата во армиите на земјите чии синдикати се членки на ЕУРОМИЛ.
ЕУРОМИЛ се залага за концептот на „граѓанин во униформа“ и еднакви права за сите вработени во вооружените сили, како и за другите граѓани. Војниците се должни да штитат и мора да го прават тоа со сета своја физичка и ментална сила, без оглед на условите во кои работат, бидејќи тоа е општо добро кое мора да се заштити. А државата е должна да ги заштити нив преку почитување, подобри права, подобри услови за работа, поголеми бенефиции.